top of page

Член на „Локалната младинска организација“ при СОУ „Кузман Јосифоски - Питу“ - Прилеп. Од оваа организација се стекнав со големо искуство околу тимска работа, презентерски вештини, организациони способности, но како најважно би го издвоила дружењето кое ни го пружи претседателот на ЛМО Доан Сулејманоски.

Љубител на пишаниот збор, бидејќи секогаш во слободно време ме исполнува пишувањето на проза или поезија и се трудам да учествувам на различни конкурси за литературно творење и да ги истакнам своите творечки вештини и способности. 

Сертификат за учество на семинар

Како волонтер на НВО „Рома С.О.С.“ - Прилеп, се стекнав со сертификат за посетен 2 - дневен семинар на тема: „Волонтерството како алатка за промена во заедницата“ организиран од „Форум на млади Роми“ при НВО „Рома С.О.С.“ - Прилеп.

Интернационален сертификат

Прв пат се стекнав со вакво искуство во учество на 7-дневен семинар на англиски јазик организиан од „Сумнал“, „Vlach Youth Council“, „FERYP“, „Council of Europe“, „Youth of European Nationalities “ по повод „30-годишнина од правата на Ромите“ на теми:

1. Човекови и социјални права
2. Дискриминација и антидискриминација
3. Образовен систем во Р.Македонија
4. Културата и традицијата на Ромите

5. Ситуацијата на Ромите во Македонија и Европа

Сертификат за посетена 4 - дневна обука

Сертификат доделен за 4 – дневна посета на семинар во рамки на проектот „Поддршка на жените Ромки во пристапот на пазарот на трудот во Македонија“ на следните обуки:

1. Инфо на пазарот на трудот

2. Тренинг за лични и комуникациски вештини

3. Модалитети на договори за вработување

4. Информирање за самовработување

Во склоп на активностите на ЛМО (Локална Младинска Организација) при СОЕПТУ „Кузман Јосифоски - Питу“ - Прилеп, секоја година се организира учество на МАССУМ образовно рандеву, на кое што 2 години по ред во различни градови учествувам во категоријата модна ревија.

Како резултат на моето 4 - годишно изучување на правото, при учество на натпревар одржан во Кавадарци на различни образовни профили, се закитив со I место од областа на правото.

Како примерна ученичка на генерација, бев наградена со 3 - дневно патување по повод Првомајските празници во Истанбул - Турција, каде што беше посетено Македонското конзуларно претставништво под раководство на Зерин Абас.

Посета на Американскиот Универзитет во Благоевград -  Бугарија, каде што видов како е да се биде зад студентските клупи и го почувствував студенткиот живот во неколку часови, иако рано ми е да станам студент. Ја посетивме библиотеката во универзитетот, училниците во кои студентите слушаат предавања, кампусите во кои престојуваат, како и салите за спорт, театарската сала, огромната менза со вкусни јадења и книжарницата од која си купивме и некои сувенири од овој прочуен универзитет.

bottom of page