top of page
Работилница „Изработка на електронско кариерно портфолио“ при „Ромаверзитас“-Скопје

Работилници за кариерен развој

Работилница „Изработка на електронско кариерно портфолио и презентација на истото“, како дел од проектот „Да и возвратиме на заедницата“ спроведен од „Ромаверзитас“ и студенти волонтери.

Патронатот на СОУ„Кузман Јосифоски-Питу“-Прилеп

Учесник во точка на патронатот на СОУ „Кузман Јосифоски - Питу“ - Прилеп

По повод патронатот на СОУ „Кузман Јосифоски - Питу“ - Прилеп, во придружба со други ученици, учествував во изведба на точка - балет организирана од Англиската секција. 

Хуманитарна активност за лицата со посебни потреби

По повод Новогодишните и Божиќни празници во соработка со други ученици од СОУ „Кузман Јосифоски - Питу“ - Прилеп и проф. по Информатика Јасминка Димовска, беше организирана хуманитарна акција за лицата со посебни потреби од Дневниот центар „Ѕуница“ - Прилеп во изработка и продажба на новогодишни подароци.

Семинар на тема: „Социо-економската положба на младите во Р.Македонија“

Семинар на теми од работни односи

3-дневен семинар одржан во Крушево, под организација на МСО-УНАСМ - Прилеп, во соработка со НВО „Рома С.О.С.“ - Прилеп, на тема: „Социо - економската положба на младите во Република Македонија“.

Волонтерска активност

3-дневна теренска акција во мерење на шеќер во крвта и крвен притисок, под организација на НВО „Рома С.О.С.“ - Прилеп, спроведена на 3 терени во областа Тризла - Прилеп од студенти и средношколци роми.

Интернационален семинар 

7 - дневен семинар организиран од „Сумнал“, „Vlach Youth Council“, „FERYP“, „Council of Europe“, „Youth of European Nationalities “ по повод „30 - годишнина од правата на Ромите“ на теми:

1. Човекови и социјални права
2. Дискриминација и антидискриминација
3. Образовен систем во Р.Македонија
4. Културата и традицијата на Ромите

5. Ситуацијата на Ромите во Македонија и Европа

Предавач на тема „Штедење“

Презентер и тренер на тема: „Финансиски вештини“ во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ - Прилеп, во склоп на проектот „Кариерно советување“ при СОЕПТУ „Кузман Јосифоски - Питу“ - Прилеп раководен од проф. по Информатика Јасминка Димовска.

Работилница на тема: „Дискриминација“

Работилница на тема „Дискриминација“

Работилница на тема: „Дискриминација“ одржана при НВО „Рома С.О.С.“ - Прилеп, како дел од акциониот план на „Форумот на млади Роми“ - Прилеп.

Подготовки за 8-ми Март

Подготовки по повод 8-ми Март

По повод „8 - ми Март - интернационалниот празник на жената“ во соработка и придружба на други соученици беа изработени подароци за професорките и директорката на СОУ„Кузман Јосифоски-Питу“ - Прилеп.

Семинар како подготовка за работа

4 – дневен семинар во рамки на проектот „Поддршка на жените Ромки во пристапот на пазарот на трудот во Македонија“ на следните обуки:

1. Инфо на пазарот на трудот

2. Тренинг за лични и комуникациски вештини

3. Модалитети на договори за вработување

4. Информирање за самовработување

Акција против дискриминација и милитаризам

Еднодневна „Акција против дискриминација и милитаризам“ одржана од „Мировна акција“ - Прилеп, спроведена во центарот на градот, со цел подигнување на свеста на граѓаните и намалување по можност искоренување на дискриминацијата.

 

Семинар за значењето на волонтерството

2 -дневен семинар на тема: „Волонтерството како алатка за промена во заедницата“ организиран од „Форум на млади Роми“ при „РОМА С.О.С.“ - Прилеп, како обука и надоградување на вештините и способностите на новите и постојаните волонтери во горенаведената организација.

 

Модна ревија МАССУМ-Тетово

Учесник во МАССУМ

Учесник во изработка на моделот на фустанот, како дел од категоријата „Модна ревија“ организирано од МАССУМ- образовно рандеву воТетово.

Хуманитарна дружба

По повод Новогодишните и Божиќни празници заедно со други ученици од СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ - Прилеп, а  под раководство на проф. Јасминка Димовска за прв пат беше организирана хуманитарна акција во изработка и продажба на новогодишни честитки за хуманитарни цели за лицата со посебни потреби од Дневниот центар „Ѕуница“ - Прилеп.

 

Соработка со „Мировен корпус“ - САД

Еднодневна „Акција против дискриминација и милитаризам“ одржана од НВО „Рома С.О.С.“ - Прилеп во соработка со волонтери од „Мировниот корпус“ од САД.

Работилница на тема: „Комуникација, лидерство и тимска работа“
Учество на работилница на тема „Комуникација, тимска работа и лидерство“

Работилница на тема: „Комуникација, лидерство и тимска работа“ организирана од ЛМО при СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“ - Прилеп.

Изработка на презентации и честитки по повод 8-ми Март

По повод „8-ми Март - интернационалниот празник на жената во придружба на моја соученичка беше изработена презентација и украсни честитки за професорките и директорката на СОУ „Кузман Јосифоски-Питу“ - Прилеп

 

Дружба со лицата со посебни потреби од Дневен центар“-Ѕуница

Прослава на годишнина на „Ѕуница“ - Прилеп

По повод годишнината од основањето на Дневниот центар за лица со посебни потреби „Ѕуница“ - Прилеп, во придружба со други ученици од СОУ „Кузман Јосифоски - Питу“ - Прилеп под раководство на проф. Јасминка Димовска беше организирана прошетка на лицата со посебни потреби и на крајот им беше приредено слатко изненадување.

Презентер и учесник во тим за изработка на проект за ИПА фондови

Учесник на 6 - дневен семинар финансиран од Европскиот Совет во Стразбург, организиран во Тетово. На овој семинар се стекнав со искуство во пишување на проекти за ИПА фондовите и презентерски вештини.

bottom of page